Зошто животниот стандард во Македонија не е покачен?

Данок треба да плаќаат само правните и физичките лица, и тоа само на добивката која ја остваруваат. Оданочувањето на редовна месечна плата, оданочување на имот кој веќе го поседувам, ДДВ, фирмарини, “свадбарини” и останати пљачкарини…  сето тоа е измислено со цел јакнење на државата на сметка на сите нас. Од 2001 година наваму, македонската економија е дуплирана од 5 на 10 милијарди БДП.

Дали смеам да ве прашам дали животниот стандард е дуплиран кај обичните луѓе? Знаете зошто одговoрот е НЕ? Затоа што државата има пораснато за преку 300%. Од една милијарда буџет на 3,6 милијарди. Ете таму се парите, таму е отиден Вашиот животен стандард.

Вработен во Влада во 2001 година ретко земаше повеќе од 20 000 денари… за денес да дојдат до преку 1000 евра за вработен на копир машина. Какви прогресивни даноци, какви бакрачи? Идеата наречена “ОПШТЕСТВЕНО ДОБРО” без разлика како е теорeтски опишана во книгите во пракса се сведува на ЏЕБОТ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ и нивните блиски (најчесто неспособни) кадри.

Murray Rothbard да се воведе како задолжителна лектира. Ама не во школите драги родители. Вие воведете им го на децата. Rothbard  така стручно и убедливо го треска од земја концептот наречен ОПШТЕСТВЕНО ДОБРО што на ниту една државна установа нема да и падне на памет да го препорача за читање. Барем идните генерации да бидат детоксифицирани од многу денешни заблуди. Еве ја книгата ANATOMY OF THE STATE од  Rothbad во PDF формат, симнете ја слободно.

Виктор Трифуновски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!