Стартапите кои ќе добијат државни пари државата ќе стане косопственик

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев промовираше мерка која е направена по примерот на Израел и нивните стартап компани. Имено државата ќе учествува со 25 отсто од средствата во основачкиот влог на мали и микро претпријатија, но најмногу до 30 милиони денари. Ова е една од мерките за директна помош на малите и микро претпријатија во рамки на третиот столб од планот на владата за економски раст.

„Кога се мали претпријатијата тие се ризични и направивме таков фонд за помош, каде што државата ќе им даде помош во основачкиот влог. Ако некој сака да отвори компанија на пример со основачки влог од 100.000 евра, државата во основачкиот влог ќе учествува со 25 отсто. Ова не се однесува само на нови претпријатија, туку и на постоечки што сакаат да се прошират. Ги повикувам сите заинтересирани, особено младите да не заминуваат во странство, туку да ја искористат оваа програма и да се занимаваат со претприемништво и на тој начин да обезбедат егзистенција и за себе и за своите вработени“, изјави Анѓушев.

Реализацијата на оваа мерка веќе почната, бидејќи владата лани во декември обезбедила 50 милиони денари, а годинава се обезбедени 400 милиони денари.

Освен оваа мерка за помош и развој на малите и микро претпријатијата, според среднорочната програма за периодот 2018 – 2020 година, предвидени се и други четири мерки, односно: помош на претпријатијата до 30 отсто од трошоците за инвестицијата за воведување нови стандарди и квалитет, но не повеќе од 10 милиони денари, потоа помош до 5 милиони денари за претпријатијата за воведување нови алатки во информатичкиот сектор и за подобро менаџирање, помош до 70 отсто од трошоците, но не повеќе од два милиони денари за активности за истражување, и помош до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од милион денари, за усовршување и обука на вработените.

Дали ова ќе остане само на убави желби и добар ПР или навистина стартапите и компании ќе имаат позитиивни ефекти ќе видиме многу брзо.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!