Хрватската игра My Story e во топ 10 најпопуларни на Apple Store

Хрватскиот произведувач на мобилни игри Nanobit  постигна уште еден голем успех бидејќи нивната игра “My Story” влезе меѓу десет најполуарни на Apple Store во Велика Британија.

“Само што нашата нова игра My Story влезе во топ 10 најпопуларни игри во Велика Британија на Apple Store. И моментално се наоѓа на осмата позиција.

Сите сме многу возбудени затоа што ова е резултат на работата на целиот тим во изминатите две години.

Ова е воедно и најголемиот резултат кои ние како Nanobit  го имаме постигнато во нашите игри во изминатите, еве веќе 10 години” напиша на Facebook,  Alan Sumina ко-основачот на Nanobit .

Nanobit  е основан во Загреб во 2008 година од Zoran Vučinić и Alan Sumina кои прават игри за iOS и Android платформи.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!