Македонија и Србија се пред трговска војна!

Од кабинетот на Љајиќ соопштиле дека ако и утре не се најде солуција, Србија дефинитивно ќе ги воведе контрамерките.

Српската страна има подготвено контрамерки , но нивната страна дава уште една, последна шанса да се реши проблемот со извозот на нивно брашно во земјава. Утре на разговори во Скопје доаѓа срспскиот министер Љајиќ, потврдуваат од македонското министерство за земјоделство. Од кабинетот на Љајиќ соопштиле дека ако и утре не се најде солуција, Србија дефинитивно ќе ги воведе контрамерките.

„Не можеме веќе да чекаме. Освен купување на време, од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот“, изјави Љајиќ.

Ова се случува поради нашиот нов правилник, кој го отежнувал извозот на српските производители. Љајиќ рекол дека претходниве денови планирал да додје во Скопје за да разговара за решавање на нецаринските бариери, но немало да го стори тоа се додека не добие конкретен предлог.

„Имаат два аргументи, едниот е дека маркичките не можат да се лепат на пакувања од 1, 2 и 5 килограми, еве ние тоа го прифаќаме и тоа е новина и кабинетот на министерот Љајиќ тоа го знае“, рече Николовски.

Македонскиот министер Николовски порача дека за нас е прифатливо контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми тоа да се прави во Македонија, согласно новиот Правилник.

Втор аргумент на увозниците бил дека со измените на правилникот, кои се воведени пред еден месец, сега морале да го почитуваат делот  за складирање на брашното. Зошто тогаш постојат магацините, ако брашното оди директно во промет, кој граѓанин ќе биде сигурен, прашува министерот Николовски.

Ова е 13 пат во последните 7 години Србија и Македонија да се најдат во спор за брашното. Од Србија во Македонија годишно се извезува околу 40.000 до 50.000 тони брашно.

Македонија пред неколку години беше во трговска војна со Косово. Ако Србија и воведе контрамерки на Македонија дефинитивно македонските извозници ќе претрпат значајни штети.

error: Content is protected !!