Владата ќе се задолжи 120 милиони евра за да ги плати долговите на општините

Владата ќе се задолжи за 120 милиони евра –  пари со кои ќе треба да се „покријат” општинските долгови кон добавувачите. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев, кој вети кредит со ниска каматна стапка, а општините ќе треба да го враќаат во наредните 20 години.

„ Ние веруваме дека на тој начин ќе ги рестеретиме општини, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но иста така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општините.“ – изјави Заев.

Според последната статистика на Министерството за економија пак, вкупниот долг на општините е многу поголем, а само по основ на неплатени обврски, општините должат 346 милиони евра. Меѓу најзадолжените се Тетово, Струга, Велес, Гази Баба, Карпош, а има и општини чии сметки се блокирани со години како Охрид и Куманово.

Статистиката на Државниот завод за ревизија пак, покажува дека дел од најзагрозените општини, трошеле недомаќински, па наместо да ги враќаат долговите, започнале нови инвестиции и вработувале нов кадар.

Дали пораката од владата до општините е трошете недомаќински ние ќе ви ги платиме долговите а долговите ќе ги враќаат луѓето и компаниите од нивен џеб.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!