Кинезите бараат дополнителни 143 милиони евра за автопатот Кичево–Охрид

“Изградбата на автопатот Кичево – Охрид има сериозни проблеми бидејќи кинеската компанија „Синохидро“ бара нови средства и поставува непријатни услови кон македонските компании. Имаме две опции или да го раскинеме договорот со нив или да го продолжиме и да издвојуваме нови средства” изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев откри дека настанал сериозен проблем пред потпишување на анексот.

„Сега Владата е ставена во позиција да избира помеѓу две зла – првото да го раскине договорот, а второто да го продолжи, но со нови услови, кои се крајно неповолни за дел од македонските компании кои се јавуваат како подизведувачи“ рече Анѓушев.

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но по откриените бројни нерегуларности и нерешени имотно правни односи се чека на потпишување на анекс на договорот за да продолжи изградбата.

Кој не се знае ниту дали ќе биде потпишан со Кинезите односно дали ќе биде раскинат договорот со нив. Еден почнат а недоизграден проект поточно железницата кон Бугарија имаме не ни треба уште еден почнат и недовршен проект.

error: Content is protected !!