Добра вест за македонските компании и лоша вест за штедачите

Народната банка ја намали каматната стапка од 3,25 на 3 отсто за благајничките записи. Ќе паѓаат каматите на кредитите за компаниите, најавуваат банкарите откако Народната банка ја намали основната камата на 3 отсто.

Еден дел од банките велат дека за одредени квалитетни компании и проекти  уште од лани почнале да ги поевтинуваат кредитите.

Намалување најверојатно ќе има кај каматите на депозитите затоа што банките планираат да ги укинат депозитните продукти кои се на подолги рокови и нудат повисоки каматни стапки за штедачите. Во однос на кредитите за граѓаните не се очекува подрастични намалувања на каматните стапки.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!