Македонија ќе го снабдува Западен Балкан со природен гас?

Државното акционерско друштво, Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчката компанија за управување систем за пренос на природен гас во Грција (ДЕСФА) разговараат и ги утврдуваат временската рамка и деталите на теренот за реализација на трасата за гасно поврзување меѓу Македонија и Грција со интерконектор.

За почеток, предвидено е гасоводната линија од 120 километри да има технички проектни перформанси од два до три милијарди кубни метри гас.

“Реализацијата на овој проект е од особено значење за Република Македонија бидејќи се создаваат услови за приклучување на земјата кон проектот ТАП како и за користење на течниот природен гас (ТПС) од резервоарите во Грција. Со тоа ќе се овозможи транзитирање на природниот гас низ Македонија, кој понатаму може да се користи и од потрошувачите на другите земји во регионот, со што ќе се поттикне развојот на инфраструктурата за земјите од Западен Балкан” се вели во соопштението од македонската влада.

Македонската владина прес-служба соопштува дека ова е една од мерките за градење доверба помеѓу Република Македонија и Република Грција.

А во однос на финансирањето на овој проект Република Македонија и Република Грција заедно ќе аплицираат за финансиски средства во меѓународните институции.

Но претходно треба да се изработи и студија за оправданост, која ќе ги опфати техничките и економските аспекти на гасното поврзување.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!