Како Калифорнија од Златна Држава (Golden State) стана Социјална Држава

Некогаш Калифорнија се викала Златна Држава (Golden State) за пред 10-тина години (можеби и нешто порано) да почне да се претвора во Социјална Држава. Од тогаш, нејзините локални давачки се највисоки во споредба со сите други сојузни држави. Калифорнија има убедливо највисок персонален данок од 13%.

На четврто место е според данок на продажба, после Луизијана, Њу Џерси и Алабама кои се најсиромашни држави. Освен тоа, Калифорнија е шампион во регулативи, и тоа светски шампион, особено кога се работи за еколошките регулативи. Според FORBES Калифорнија е убедливо најлошата држава во САД за отпочнување и водење на мал бизнис.

Крајниот резултат е се поголемо затворање на малите фирми…па се повеќе и на големите. Сан Франциско, некогашниот голем производител на вагони, локомотиви и пропратна железничка опрема, денес нема НИЕДНА фабрика од таков тип. Останата е само Силиконската Долина, Фармацевтската Индустрија (субвенционирана од Вашингтон) индустријата за Забава, и природните ресурси кои ги дал Господ. Недивжностите се безобразно скапи, цените на живот растат за 5-8% годишно. Секоја година 10-тици илјади луѓе остануваат да живеат на улица.

Некогашната Golden State се повеќе се претвора во Shitty State. Погледајте го ова 8 минутно видео.


Виктор Трифуновски
*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!