Ќе се отвори нова гимназија за најдобрите ученици по математика и информатика

Конечно нешто корисно што Скопје и Македонија ќе ги подигне на едно повисоко ниво, имено во Скопје ќе се отвори нова гимназија каде што ќе можат да учат најдобрите ученици по математика, физика и информатика.

Во неа  ќе можат да се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, се стекнале со општ успех од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение во основното образование и со оценка 5 (пет) од наставните предмети математика и физика од шесто до деветто одделение во основното образование.

И ќе работат по специјално изготвени наставни планови и програми. Сите ученици ќе полагаат приемен испит со кој ќе им се проверат знаењата за математика и за физика.

Според предлог-законот, кој влезе во собраниска процедура и го помина првото читање, во оваа гимназија нема да може секој да биде наставник, а покрај стручни соработници (педагог и психолог), на учениците ќе им предаваат и истакнати стручни лица од соодветната област што ќе се изучува во гимназијата.

Ова сигурно ќе ги израдува македонските IT компании како и техничките факултети.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!