Косово има отворено повеќе работни места од Македонија!

Во извештајот “Трендовите во пазарот на труд во Западен Балкан 2018″  од страна на Светска банка и Виенскиот Институт за меѓународни економски студии (WIIW) пишува дека зголемувањето на вработеноста во текот на минатата година од 3,9 проценти доведе до создавање на 231.000 нови работни места низ шесте земји од Западен Балкан,.Невработеноста, исто така, се намали од 18,6 проценти на 16,2 проценти, достигнувајќи историски ниски нивоа во некои од земјите.

Но интересно е дека Косово е лидер во регионот, со зголемување на вработеноста од 9,2 проценти, по што следат Србија (4,3 проценти), Црна Гора (3,5 проценти), Албанија (3,4 проценти), Македонија (2,7 проценти претпоследна) и Босна и Херцеговина (1,9 проценти).

Сепак, и покрај напредокот, ниските стапки на активност – особено кај жените и младите – заедно со високите стапки на долгорочна невработеност и преваленцата на неформална работа, продолжуваат да наметнуваат предизвици врз одржливиот економски раст во регионот.

Невработеноста кај младите од 37,6 отсто е клучен предизвик за регионот. Сепак, оваа стапка е намалена од минатата година и речиси секоја земја во регионот се соочува со најниски нивоа на невработеност кај младите од 2010 година.

Потребно е да се посвети внимание на голем број пречки за вработувањето за да се намали тековната емиграција од регионот, особено кај младите, образовани луѓе. За тоа да се случи, потребно е понатамошно знаење. Земјите во регионот треба да ги синхронизираат своите податоци за емиграцијата и да ја подобрат регистрацијата и објавувањето на статистичките податоци за миграцијата. Со користењето на висококвалитетни податоци што се во согласност со меѓународните стандарди за составот на работната сила- во земјата и интернационално – ќе се добие точна анализа за динамиката на пазарот на трудот во регионот и ќе овозможи дизајнирање на политики, кои истовремено можат да се справат со предизвиците на емиграцијата и да ги искористат придобивките од миграцијата.

Подоброто поврзување на средношколците со пазарот на труд, како и претходните интервенции за задржување на студентите, може да ги подобри можностите за вработување. Политиките, како што се грижата за деца, установи за грижа за постари лица, флексибилни работни договори и повеќе работни места со скратено работно време, исто така, ќе ја промовираат интеграцијата на жените на пазарот на труд.

Извештајот е изработен со финансиска поддршка на Министерство за финансии на Австрија.

error: Content is protected !!