Битка помеѓу претседателот и владата кој да биде нов гувернер во НБРМ

Мандатот на гувернерот Димитар Богов му истекува на 21 мај, а до тогаш претседателот треба до Собранието да предложи кандидат. Кој ќе седне во гувернерското столче ќе зависи од парламентарното мнозинство, бидејќи се бира со просто мнозинство. Од Кабинетот на Иванов велат дека во изминатите два месеца претседателот е во консултации со релевантни фактори од оваа област.

„Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа многу значајна функција во државата за време на неговиот мандат“, велат од Кабинетот на претседателот на Р. Македонија.

Според извори блиски до владата, најсериозен кандидат од страна на владата за оваа функција е Фатмир Бесими од ДУИ, кој сега работи како советник на премиерот Заев, но претседателот е тој што треба до Собранието да предложи кандидат.

Но од друга страна извори блиску до кабинетот на претседателот се дознава дека Претседателот Ѓорѓе Иванов сериозно размислува повторно да го предложи Димитар Богов за гувернер на Народната банка.

Оваа одлука најверојатно нема да им се допадне на СДСМ и ДУИ, а особено на ДУИ зошто сакаат да постават Албанец да биде нов гувернер на НБРМ.

Мнозинството од банкарската фела има добро мислење за сегашниот гувернер и смета дека Димитар Богов треба да добие уште еден седум годишен мандат.

Најверојатно ќе гледаме голема битка помеѓу претседателот и владата кој да биде нов гувернер во НБРМ. Дали ќе гледаме кршење на деловникот и законите при избор на нов гувернер останува да видиме.

Но од финансискиот сектор се едногласни дека не сакаат да гледаат проблеми кај што не би требало да има.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!