Независен француски консултант нуди можност за пласирање на македонски производи или услуги на францускиот пазар!

Македонија2025 во соработка со независниот француски консултант – Албан Ибраимоски им овозможува на македонските компании да ги пласираат своите производи или услуги на францускиот пазар.

Франција е пазар со 60 милиони потрошувачи, кои имаат потреба од:

  1. Малопродавачи како AUCHAN, CARREFOUR, INTERMARCHE на прехранбени и непрехранбени производи;
  2. Автомобилски индустрии како Peugeot и Renault и нивни добавувачи (механички индустрии, индустрии за обработка на површини итн.);
  3. Текстилни индустрии со француски мрежи на специјализирани продавници;
  4. ИТ услуги.

Врз основа на тоа, повикот е отворен за компании кои работат токму во тие сектори – малопродавачи на прехранбени и непрехранбени производи, автомобилски индустрии, текстилни индустрии и ИТ услуги, а кои сакаат своите производи/ услуги да ги пласираат на францускиот пазар.

Доколку сте заинтересирани и сметате дека вашата компанија го има потребниот производствен и организациски капацитет, прочитајте ги информациите подолу.

Помошта е достапна за секоја фаза од процесотАлбан Ибраимоски потекнува од Македонија и има богата кариера во продажба. Тој е посветен професионалец со над триесетгодишно искуство во проектен менаџмент, предоводење на процеси на промени и подобрување, логистика, развој на бизнис, консалтинг, како и реализација на нови комерцијални концепти.

Во неговата кариера, Албан Ибраимоски работел како менаџер за продажба во францускиот ланец супермаркети Intermache за целиот балкански регион, бил продажен менаџер во TEC Toshiba – Франција и работел како обучувач за NCR Corporation во период од три години.

За сите заинтересирани, Албан Ибраимоски накратко го објаснува целиот процес на следниов начин:

„Најпрвин, се започнува од македонската понуда. Ја проучуваме понудата од македонската компанија во форма на производ или услуга и доколку соодветствува на потребите на француските потрошувачи, пристапуваме кон наредната фаза – истражување на потенцијалниот пазар.

Правиме истражување на потенцијалните потрошувачи, конкурентноста на македонските производи или услуги на францускиот пазар, како и можниот обрт кој би се генерирал во Франција. Исто така, спроведуваме студија за царински тарифи и доколку резултатите се совпаѓаат со развојната стратегија на компанијата, преминуваме кон наредната фаза.

Понатаму, доаѓа делот со комерцијалниот пазар. Се идентификуваат пазарните играчи. Тука исто така се наведуваат имињата и контакт податоците на купувачите на услугите или производите.

Четвртиот чекор се состои од асистирање при градење на понудата, организирање на првиот состанок и давање поддршка при процесот на преговарање. Доколку сè е во ред, македонската компанија е придружена низ останатие делови од процесот, сè до склучување на договорот.

На крајот, последниот чекор се состои од обезбедување помош при основање на соодветен модел на делување – Македонија кон Франција, преку креирање на метод за извоз:  претставништво или оддел за увоз.“

Доколку сакате да аплицирате, ве молиме испратете ни краток профил за вашата компанија на dimitar@macedonia2025.com, кој ќе ги содржи следниве информации:

  • Адреса и датум на основање на компанијата
  • Главно поле/ индустрија
  • Производствен и организациски капацитет

Доколку профилот на компанијата е соодветен, ќе ве контактираме по прегледување на вашата апликација!

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!