Контакт 2018 – Саем за вработување и пракса

Драги колеги и колешки,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на петтото по ред издание на Саемот за вработување и пракса ,,КОНТАКТ 2018″.

Најголемите компании од областа на информатиката, енергетиката, електрониката и машинството Ве чекаат во холовите на Факултетите од техничкиот кампус (ФЕИТ, МФС, ФИНКИ, ТМФ) каде ќе можете да се информирате подетално околу можностите за вработување во истите. Вашето присуство ќе значи чекор напред во Вашата професионална кариера!

Станете дел од успешната приказна со оставање на своето CV на www.kontakt.org.mk и бидете во радарот на компаниите кои го ценат и бараат Вашето знаење и вештини!

Ве очекуваме,

Организациски одбор на КОНТАКТ 2018!

Време и датум: Од 3 Април 10 AM до 5 Април 3 PM

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!