Кромберг и Шуберт од Битола не може да најде работници

Вечната дебата помеѓу тоа како компаниите не можат да најдат работници од една и барањето на барателите на работа од друга страна повисока плата продолжува. Имено претставници на фабриката Кромберг и Шуберт од Битола во недостиг на соодветна работна сила во тој град тропна на вратите на Агенцијата за вработување во Кичево каде извршија презентација на условите и потребите за работна сила во нивната фабрика.

Притоа интересот бил мошне мал, односно учествуваа само 20 невработени лица иако се бараа многу повеќе. Во Кичево во моментот во Агенцијата за вработување работа барат 3038 лица во која бројка влегуваат само таканаречените активни баратели на работа, иако бројката на невработени е двојно поголема ако се сметат и пасивните баратели на работа.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!