Марк Фридрих: Меѓународниот монетарен фонд нема да го спаси еврото

Марк Фридрих шефот на консалтинг компанијата „Фридрих и Вајк изјави дека Меѓународниот монетарен фонд нема да го спаси еврото и дека тој експеримент треба да заврши.

Тој ги критикува ставовите на шефицата на ММФ Кристин Лагард, која предлага создавање на специјален фонд во случај на криза во еврозоната.

Ако дојде до создавање на ваков фонд, Германија би требало да уплатува 11 милијарди евра годишно.

Тој тврди дека Лагард и францускиот претседател Емануел Макрон си поставиле на себе си цел да ја спасат ЕУ и еврозоната.

Но германскиот економист ќе додаде „На нив не би им сметало Германија да стане „шампион во давање“. Тие очајнички се трудат еврото да опстане, но тоа е само уште еден чекор кон диктатура во ЕУ. Се надевам дека германските политичари ќе се спротивстават на оваа идеја, бидејќи еврото и така веќе одамна не може да се спаси“.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!