НБРМ: Богов не ја потврди продажбата на Охридска Банка

Народната Банка на Република Македонија упати реакција до АЛФА ТВ и уште неколку телевизии и портали во врска со прилозите што беа емитувани во информативните изданија во текот на вчерашниот ден за евентуалната продажба на Охридска Банка. Во соопштението од кабинетот на гувернерот Богов се потенцира дека во рамки на дадениот одговор во врска со евентуалната продажба на оваа деловна банка и  во рамки на дискусијата што по тоа прашање ја покренаа некои од новинарите на брифингот што беше одржан претходно, гувернерот не дал изјава со која потврдил дека продажба ќе се случи, туку нагласил дека не би коментирал, бидејќи станува збор за пазарно чувствителна информација, како и тоа дека ако постои таква одлука, групацијата „Сосиете Женерал“ треба да ја извести пошироката јавност.

АЛФА ТВ упати извинување до НБРМ и гувернерот Богов и потенцира дека се работи за ненамерна грешка во најавата и насловот на прилогот, но не и во содржината на прилогот.

Освен Алфа и други телевизии и портали ја пренесоа оваа информација, но некои од нив не се извинија.

Macedonian Business Hub како професионален медиум не ја направи грешката што ја направија другите медиуми, во однос на ова прашање.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!