Русија ќе го блокира Telegram, најбезбедната апликација за комуницирање

Руската влада започна правна постапка за блокирање на апликацијата Telegram во земјата.

Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор бара блокирање бидејќи компанијата одбила да ги предаде клучевите за енкрипција на пораките.

Telegram, со седиште во Дубаи, добила рок до 4 април да ги предаде клучевите. Компанијата одбила да го направи тоа велејќи дека услугата е направена така што не може да се има пристап до нив.

Главната руска безбедносна агенција, ФСБ, ги бара клучевите за да може да чита пораки со цел да спречи идни терористички напади во земјата.

Од Telegram пак велат дека обидот за блокирање на апликацијата е неоснован.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!