Абрамович загубил пола милијарда долари за еден ден!

Рускиот олигарх Роман Абрамович, сопственикот на англискиот шампион Челси се наоѓа во големи финансиски проблеми во последно време и сето тоа поради новите санкции на САД против Русија и најбогатите Руси.

Повеќе од извесно е дека Челси во следната сезона нема да игра во ЛШ (заостанува десет бода зад Тотнем и Ливерпул во трката за место во елитата), но проблемите на „Стемфорд бриџ“ допрва ќе бидат уште поголеми, затоа што Абрамович има сè помалку пари поради санкциите, кои му нанеле неверојатно тежок удар и рускиот тајкун загубил половина милијарда долари поради тоа.

Абрамович е еден од 50-те најбогати Руси, кои жестоко ги погодија новите санкции од САД. Според „Москва Тајмс“, руските богаташи вкупно загубиле 12 милијарди долари, а за само еден ден Абрамович загубил точно 534 милиони долари. САД воведе санкции за руски бизнисмени, компании и политичари, како дел од мерките во затегнатите односи помеѓу Западот и Русија започнати со шпионската афера со Сергеј Скрипал и наводното труење во Англија, по што започна дипломатската војна со бркање на руски дипломати од земјите од Европа и од САД.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!