Семејството Rockefeller влегува во бизнисот со крипто-валути

Едно од најпознатите семејства во светот, кое богатсвото го направија со производство и трговија на нафта, ќе влегува во бизнисот со крипто валути. Инвестицискиот фонд Venrocк кој е задолжен за финансиските операции на Rockefeller ќе вложи пари во Coin Fond кој е пак, специјализиран фонд за вложување на парични средства во крипто-валути како и во бизниси кои се занимаваат со иновации од областа на blockchain технологите со што ќе добијат дополнителна вредност.

„Сакаме партнерство со овој тим кој прави инвестиции и всушност помага во креирање на многу различни крипто-економии и проекти базирани на крипто-токени” изјави David Pakman еден од главните партнери во Venrock.

Откако познатиот светски шпекулант George Soros веќе најави дека неговиот инвестициски фонд ќе почне да вложува средства во проекти со крипто валути и blockchain технологии.

Да се надеваме дека нема да поминат како британската фунта кога во 1992 година ја бутна вредноста на фунтата и заработи 1 милијарда долари.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!