ТВ шоу Undercover Billionaire каде милијардери од нула за 90 дена треба да направат 1 милион долари

Насловот на новото телевизиско шоу е Undercover Billionaire (Таен милијардер) и предуслов за учество во него, освен да си милијардер, е парите да ги имаш сам заработено, и да не се наследени (како бизнис или како пари).

Притоа треба да создаде компанија вредна милион долари, треба да почне од нула, ќе има само 90 дена да ја оствари целта и бизнисот ќе го прави во град со средна големина.

Не смее да ги користи постојните врски што ги има. Не смее да отвора бизнис од истата индустрија од која доаѓа. Почетната сума која ќе ја има е само 200 долари (точната сума моментално се договара и не е дефинирана).

Discovery ќе го снима и продуцира ова шоу, но идејата за ова шоу не е на Discovery, туку на милијардерот кој ќе биде главен лик во првата сезона од шоуто.

Интересно е тоа што на крајот од шоуто предвидено е тој на вработените да им го поклони бизнисот што го создале. Од телевизијата сега не откриваат ништо за идентитетот на милијардерот, ниту од која индустрија доаѓа.

Снимањето треба да започне деновиве.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!