Светска банка: Македонија оствари најмал раст на БДП од цел Западен Балкан во 2017 година

Македонија во 2017 година имала најнизок раст на БДП од цел Западен Балкан и второ Македонија и Црна Гора ќе имаат најмал  раст на БДП во следните години споредено со БиХ, Србија, Косово и Албанија.

Светска банка денеска го презентираше 13-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија. Во прилог е извештајот за Македонија.

Политичките превирања што се случија од 2015 до 2017 година го забавија економскиот раст на 0% во 2017 година.

Растот на БДП падна од 2,9% во 2016 година на 0% во 2017 година. Успорувањето се должи на фактот дека инвестициите паднале за 4,5%. Приватната потрошувачка беше единствен контрибутор во растот во 2017 година, поддржана од зголемена вработеност и плати.

Нето извозот имаше негативен допринос од -0.7 процентни поени. Солидниот раст на извозот беше поттикнат од заздравувањето на евро зоната, но не беше доволно да го компензира растечкиот увоз на енергија, увозот поврзан со проектите на СДИ и  увозот на  челик и железо.

На ниво на сектори,  градежништвото и производство имаа негативен раст во 2017 година, градежништвото забележа пад од 14% на годишно нивно, бидејќи приватните и државните градежни активности беа во застој.

Единствени сектори каде имаше раст се рударството (поради зголемување на нивната цена на светските берзи), трговијата на големо и трговијата на мало “охрабрени” од социјалните трансфери и земјоделството поради поволната жетва.

И покрај забавениот економски раст пазарот на труд се подобри. Вработеноста се зголеми за 2,4 проценти на годишно ниво. Делумно со помош на субвенции во првата половина од годината што го помогнаа создавањето на повеќе од 5.000 работни места (оваа политика беше прекината од новата власт).

Сепак стапката на вработеност се уште е на ниско ниво од 44,1%, што значи дека повеќе од половина од работноспособното население е невработено или не бара работа.

Повеќето од работни места беа создадени во трговијата на големо и мало, транспорт и складирање и производство, секторите поврзани со проектите на СДИ кои имаат корист од
даночните ослободувања и другата владина поддршка.

Работните места во градежништвото се отвараа со многу помало темпо во споредба со изминатите години. Стапката на невработеност падна на историско ниско ниво,од 22,4 % во 2017 година.

Нето платите во 2017 година имаат благо покачување од 1,2% на годишно ниво.

Невработеноста на младите се намали за 1,5 процентен поен и достигна 46,7% во 2017 година.

Даночните приходи се изедначија со повисоките трошоци за социјални трансфери и субвенции, поради што немаше промена во фискалниот дефицит. Приходите се зголемија за 6,1% на годишно ниво благодарение на ДДВ-то и поголемата уплата.

Капиталните расходи потфрлија за 17 процентни поени под планираниот буџетски износ заради забавувањето во нивната имплементација.

Во 2016 и 2017 година фискалниот дефицит на Македонија изнесувал 2,7 проценти од БДП:

Јавниот долг според Светска банка опаднал од 48,5% во 2016 година на 46,7% во 2017 година.

Но тука има една интересна работа што не ја пишува во извештајот на Светска банка: 11 дена подоцна, односно на 11 јануари 2018 година Македонија преку еврообрзница се задолжи за 500 милиони евра .

Со тоа задолжување не само што не се намали јавниот долг туку јавниот долг ги надмина и 48,5% од јануари 2016 година.

Понатаму во извештајот се потврдува дека инфлацијата во Македонија во 2017 година остана на ниско ниво од 1,4%.

Во однос на монетарна политика се потенцира дека Народна Банка ја намалила основна каматна стапка од 4% на 3,25%, и дека Народната банка и понатаму продолжува со денаризација на заемите и депозитите.

Уделот на заеми во странска валута падна на 19% од вкупните заеми споредено со 21% една година порано.

Кредитниот раст бележи зголемување во 2017 година но главно беше насочен кон домаќинствата. Кредитирањето на домаќинствата се зголеми за 9,2% на годишно ниво додека корпоративното кредитирање се зголеми за 2,6% на годишно ниво.

Економските изгледи за Македонија според Светска банка се позитивни и се очекува БДП во просек да расте за 2,7% годишно.

Со решена политичка криза главни ризици за фискалната одржливост остануваат растечкиот дефицит во пензискиот систем, повисоките каматни стапки, акумулирањето на долговите кои остануваат главни фискални слабости.

Треба да се направи кредибилна програма за фискална реформа која е насочена јавното трошење  да биде поефикасно како и зголемување на даночната основа што ќе помогне да се стабилизра јавниот долг.
bdp

Но, тоа што е очигледно во бројките за Македонија е дека во 2017 година имала најнизок раст на БДП од цел Западен Балкан и второ дека Македонија и Црна Гора ќе имаат најмал раст на БДП во следните години споредено со БиХ, Србија, Косово и Албанија.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!