Странски инвеститор ја затвора својата фабрика во Македонија

Се затвора фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слечпе, Демир Хисар, и која се занимава со производство на балетски опреми и опрема, се затвора, објави ТВ 21.

Погонот беше инвеистиција на познатата руска компанија „Гришко“ која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности.

Според информациите до кои дојде ТВ21, фабриката од февруари престанала да работи поради коронавирусот, и постепено ги намалувала вработените, за на крај да останат само четворица. Неофицијално не биле исплатени пет плати, а остануваат и големи долгови кон други фирми.

Со 4 камиони денеска се подигнувала целата залиха на готов производ, суровини и машини и најверојатно ќе се носи во Русија.

error: Content is protected !!