Акредитацијата – поддршка за конкурентност на македонските компании на странските пазари

Сојуз на стопански комори на Македонија

Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ), организира обука за акредитација, постапка за истата, областите каде акредитацијата се применува и користа од акредитацијата при учеството на домашни и меѓународни пазари.

Преку спроведување на обуката, компаниите ќе имаат можност да се информираат за стандардите кои се основа за работа во подрачјето на акредитирање, тестирање, сертифицирање и контрола, за придобивките од акредитацијата, при што, кога домашните производи и услуги се веќе испитани, тестирани или сертифицирани од страна на акредитираните македонски тела за оцена на сообразност, истите при извозот и пласманот на странските пазари придружени со документи под знакот на акредитацијата, се ослободени од повторно испитување, тестирање, сертифицирање. како и за многу други корисни информации од оваа област кои се однесуваат на добивање на поголема конкурентност и непречено работење за компаниите.

Обуката ќе се спроведе преку интерактивна дискусија, и учесниците ќе имаат можност да дискутираат и поставуваат прашања.

Обуката ќе ја води г. Драган Велевски, менаџер за квалитет во Институтот за акредитација на Република Македонија.

Компаниите кои се заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 22 јуни 2016 година на тел 075/254-083 или на е-маил: asistent@sojuzkomori.org.mk Контакт лице: Стефан Манчевски.

23 Јуни четврток од 10 часот
Локација: Сојуз на стопански комори на Македонија
Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр: 1, 1000 Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!