Виенскиот институт: 5% пад на БДП во Македонија и зголемување на невработеноста

Пад на македонскиот БДП за 5% оваа година, предвидува Виенскиот институт за меѓународни економски студии во најновата прогноза објавена во четвртокот.

До сега најголеми песимисти беа од ММФ, кои прoгнозираа пад на македонскиот БДП од 4%, но со најновите прогнози, Виенскиот институт ги надминаа и песиместичките прогнози на ММФ.

Според Виенскиот институт, годинава не очекува и дефлација, од 1%, како и зголемување на стапката на невработеност на 21%, која во 2019 изнесуваше 17.3%.

Албанија и БиХ ќе забележат пад на БДП од 5%, исто како и Македонија., а најмногу годинава ќе биде погодена Црна Гора, за која се предвидува пад на БДП од 8%.

error: Content is protected !!