Во Општина Петровец почна со работа фабриката на НJСК за медицински канабис

Денеска во индустриската зона Ќојлија во Општина Петровец, македонската компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ го отвори прроизводствениот капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Компанијата НJСК е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи

Директорот на Фармакан интернационал и НЈСК Холдинг, Златко Кескоски, изјави дека компанијата ќе работи по највисоките европски и светски стандарди.

„Ова што денеска го отвораме е еден капацитет, во овој момент најголем во Европа за одгледување на медицински канабис по сите стандарди потребни за оваа индустрија. Во време на Ковид и во време на криза која што се случи во светот во овој период, нашата компанија најде сила да доинвестира и да ги вложи последните средства за изградба на овој капацитет. Нашата компанија во изминатите четири години, вклучувајќи го и овој капацитет, вложи 20 милиони евра во своите капацитети во оваа индустрија, за развој и за начин кој треба да не одведе во европските држави и секаде во светот со најквалитетен производ произведен во нашата држава“, изјави Кескоски.

На настанот присутен беше и полскиот амбасадор во Македонија, Војциех Тицињски.

Тој изјави дека најсилните врски меѓу нациите се економските, а потсети и дека од европските, полските туристи биле најбројните кои ја посетиле Македонија за време на корона-кризата.

Тој изјави дека оваа полска инвестиција во Македонија претставува нов бизнис сектор во Европа, кој технолошки е захтевен и сензитивен.

20 thoughts on “Во Општина Петровец почна со работа фабриката на НJСК за медицински канабис

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!