Министерот за земјоделство Хоџа: Оваа не е најлошата година

Аријанит Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочи дека ова не е катастрофална година за производителите на тутун и ориз, иако тие го тврдат спротивното.

-Оваа година е лоша за производителите на тутун и ориз. Оваа година не мислам дека политиката на Владата, со оглед на тоа дека имаме рекордни зголемени субвенции особено за тутунот. Ние ја следевме ситуацијата постојано, не може да се оцени оваа ситуација како катастрофална, но за разлика од лани, ова не е исто, идентично како и споредбено со изминатите 10 години, во кои оваа не е најлоша година. Ние сме на почетокот на откупот и ги правиме напорите максимално, за да не се создаваат тензии, истакна министерот Хоџа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!