НБРМ: Паѓаат цените на недвижностите во Скопје

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во најновиот квартален извештај предупредува на засилена динамика на падот на вредноста на овие недвижности во главниот град.

Индексот на цената на становите на годишна основа е опаднат за цели 7 отсто во првиот квартал од 2017 година. Од НБРМ сметаат дека ваквите придвижувања се резултат на надолното приспособување на цените на становите во целата земја, а не само во главниот град. Од централната банка очекуваат дека ќе забави изградбата на нови станбени објекти во Скопје, со што би се стабилизирала цената на становите.

Наспроти опаѓањето на цената на становите, од НБРМ укажуваат дека состојбата со станбените кредити останува стабилна.

И во првиот квартал на 2017 година продолжи солидниот раст на станбените кредити- се вели во Кварталниот извештај на Народна банка.

error: Content is protected !!