5 чекори за да го постигнете врвот на продуктивноста

Постигни го најдоброто од себе,преку качување и владеење со нивоата на пирамидата на продуктивноста.

Како психолог Abraham Maslow ја истражуваше идејата на човечката мотивација, тој внимателно го проучуваше концептот на тоа што навистина ги мотивира луѓето. Преку неговото истражување во 1943 година, тој ги одредил основните потреби на луѓето кои мора да ги задоволат, пред да напредуваат понатака. Ова стана познато како хиерархијата на потребите на Maslow’s, пирамида од пет нивоа која го илустрира образецот на мотивација. ( Може да видите како изгледа подолу).

Да стигнете од едно во друго ниво , мора да ги завладеете основите прво. Продуктивноста може да функционира на многу сличен начин , според Tamara Myles, сертифициран професионален организатор (CPO) и автор на The Secret to Peak Productivity.

Myles препознава дека луѓето се постојано бомбардирани со информации и мултитаскинг кој доведува до стрес и е вообичаено контрапродуктивен. Таа посакува луѓето да се повлечат назад и да поедностават да почуствуваат дека се е во контрола.

‘’Продуктивноста не е за тоа да бидеш способен да направиш повеќе, да ја завршиш целата твоја to-do листа, туку наместо тоа да бидеш фокусиран и способен да ги завршиш најважните задачи, работи кој ќе ја помрднат твојата компанија или кариера напред’’ кажува таа.

Инспирирана од работата на Maslow, Myles ја креираше пирамидата на врвот на продуктивноста-пристап за повеќе продуктивен живот.

‘’(Системот прави) толку лесно да го видиш целиот план кој води кон целта, да се идентификуваш каде си и каде си тргнал. Myles ќе каже “После се многу полесно е да стигнеш каде си тргнал ,ако имаш насоки и ако имаш мапа”

Како што пирамидата на Maslow има пет нивоа и секое ниво го подржува следното. Тука на Myles се клучните делови за советување за секое продуктивно ниво, почнувајќи од базатa :

1.Физичка организација: Myles сугерира користење на трите ‘’да’’ за сортирање: да се зафрли, да се направи и да се зачува

“Премногу често луѓето се заглавени обидувајќи се да распоредуваат и да ставаат во исто време. Преку елиминирање на се што може да се отфрли,идентификување на се што може да се направи, и се што може да се зачува, елиминирањето на нередот станува остварлива задача’’ кажува таа.

2.Електронска организација: Тука таа го воведува ABC методот на процесирање на е-мејлот. Пристап, Скуп, Проверка, Извршување,Класифицирање.

Одржување на твојот инбокс да биде чист во редовни но специфични интервали, треба да ти даде дополнително време во саати секоја недела, и да го намали твојот стрес од грижи дали ќе заборавиш нешто, и да ја зголемиш вкупната ефективност во справувањето благовремено со она што е најважно. Ќе напише Myles.

3.Управување со време. Myles пристапува кон управувањето со време од перспектива на управување со избор- и со следење на трите П(P): Plan(План), Prioritize (Давање предност), Perform(Спроведување во дело).

Во нејзината книга, таа ќе напише ‘’Не можеме да управуваме со времето. Времето се случува. Ние можеме да ги менаџираме, нашите избори во релација со времето што го имаме, што ние избираме да направиме со нашето време”

4.Активности кои ја подржуваат целта: Тука мора да бидеш сигурен дека работиш на задачите што најдобро ги поддржуваат твоите цели.

“Живеење на живот со цел значи живеење секој ден размислувајќи  за посакуваниот исход. Да го направиш тоа, треба да направиш чекор назад од хаосот во секојдневниот живот и да ја видиш поголемата слика. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Ќе напише Myles.

5.Можности: Еднаш кога ги имаш твоите цели- и остатокот од пирамидата-се доведува во ред , и сферата на можностите станува достапна за тебе.

Според Myles ‘’Можноста значи настојување да се биде се што личноста може да биде, додека ги бара сите аспекти од нејзиниот живот, истражувајќи ја можноста за постигнување на целите што може да изгледаат невозможни.

За среќа продуктивноста , не треба да биде процес на се или ништо.

“Фокусирај се на една област во тој момент  и прави мали подобрувања,  изгради нови навики. Колку повеќе почнуваш да правиш позитивни промени, толку повеќе возбуден ќе бидеш за да продолжиш со подобрувањата. Тоа е како нагорна спирала.”

До тебе е да преземеш контрола на твоето време. Дали ќе го направиш тој избор денес?

Хиерархија на потреби според Maslow

Од основата опфаќајки ги најнеопходните потреби- па нагоре, хиерархијата на потреби на Maslow изгледа нешто како ова:

• Ниво 1: Физиолошки, или што ни треба да преживееме. Пример: воздух, храна, пиење, засолниште, секс и спиење.

• Ниво 2: Сигурност. Примери: лична и финансиска сигурност, безбедност, здравје и благосостојба.

• Ниво 3: Љубов и припадност, или поврзаност. Примери: работа, фамилија и партнер.

• Ниво 4: Почит. Примери: самопочит и почит од другите.

• Ниво 5: Самоостварување, или исполнување на нашите најголеми потенцијали.

error: Content is protected !!