Газпром очекува рекорден извоз на гас во Европа

Првиот човек на Газпром Алексеј Милер, изјави дека обемот на извозот на гас на оваа компанија во Европа по завршувањето на 2016 година ќе биде рекорден.

Растот е веќе во плус од 9.9 проценти, очекуваме обемот на извозот да биде рекорден. Во секој случај во овој момент динамиката на пазарот е позитивна. Најважно е тоа што гледаме зголемена побарувачка во земјите кои до неодамна беа нето извозници. Тоа се Велика Британија, Холандија… Исто така бележиме раст на побарувачката за наши испораки во северозападна Европа- рече Милер.

Спрема неговите зборови, правниците на Газпром и Норт стрим 2, изведувачи на проектот Северен ток 2, изнесоа заклучок дека морскиот дел на идниот гасовод кој ќе се протега на дното на Балтичкото море не подлежи на одредбите, на Третиот енергетски пакет на ЕУ.

Што се однесува на Европската комисија ,знаете дека Северни тек 1 со Европската комисија не е усогласен… Во својата работа поаѓаме од тоа и можам да кажам дека благодарение на тоа работиме на изградба на Северен тек 2, строго спрема планот… Постои правен заклучок дека Северен тек 2 не потпаѓа под регулаторните правила на Третиот енергетски пакет- рече Милер.

Тој прецизираше дека станува збор баш за морскиот дел од гасоводот. Правниот заклучок, спрема зборовите на Милер, го донеле правниците на Газпром и Норт стрим 2.

На наша адреса и на адресата на Норт стрим 2 никакви соопштенија и заклучоци за тоа дека проектот подлежи на правилата на Третиот енергетски пакет не стигнаа- додаде Милер.

error: Content is protected !!