Скопје најнеиновативен град во Европа.

Скопје го доби незавидното последно, 431. место на листата на најиновативни градови во Европа и Русија, во најголемата светска класификација на градови, според 162 показатели во однос на „глобалната иновациска економија“. листата од 431 град направена врз основа на анализата на институтот „Ту тинк нау“ (2thinknow), со седиште во Мелбурн, Австралија.

Според истото рангирање, најиновативни градови лани биле Лондон, Виена, Амстердам, Париз, Минхен. Според индексот, градовите со повеќе иновации имаат повисоко економско производство и се најдобрите дестинации за инвестирање во комерцијални производи, услуги или социјални иновации без одреден индустриски фокус.

error: Content is protected !!