7 Како да ги задржите вашите вработени? Како до конкурентна, профитабилна и одржлива ИКТ компанија?

МАСИТ во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирана од Свисконтакт и Преда Плус ве покануваат на уште еден настан во склоп на настаните на тема „Како да ги задржите вашите вработени“.

Овој пат го организираме Интерактивниот форум за зголемување на конкурентноста, профитабилноста и одржливиот развој на компаниите од ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во хотел Stone Bridge на 07.04.2016 со почеток во 15.00 часот.

На форумот:

ексклузивно од странски експерти ќе се презентираат алатки и успешни примери за надминување на родовиот дисбаланс

ќе се согледа состојбата на ИКТ индустријата во Македонија и светските трендови

ќе се говори за улогата на жената во ИКТ индустријата

error: Content is protected !!