WhatsApp ја вклучи енкрипцијата за своите милијарда корисници

Viber во секој момент ја знае нашата точна локација. Facebook може да ги прочита сите наши SMS пораки. WhatsАpp од 6 Април не ја знае содржината на ниту една наша порака.

Приватноста е мртва- секојдневното користење на смартфоните, кој во себе ја чуваат локацијата каде се движиме, користењето на сите оние сервиси во кој покажуваме што нас не интересира, кај сме биле и кај ќе идеме, се чини дека приватноста за сите нас стана илузорна.

Посебно е интересен случајот со комуникацијата- каде што зборуваме преку Skype, Viber и други апликации за пораки, особено после откривањето на Едвард Сноуден за далекусежниот опсег на NSA и другите агенции.

Меѓутоа, не е се загубено, сеуште. После неодамнешниот Apple-ов среден прст спрема FBI, уште една голема компанија се стави на страната на приватноста на своите корисници. Преку милијарда корисници на WhatsApp од 6 Април може да разменуваат пораки преку оваа апликација, каде што ни вработените во WhatsApp не можат да ги прочитаат, а ниту разни агенции не можат да им наложат тие содржини да им ги предадат.

Основачите на компанијата, Брајан Ектон и Јан Коум, заедно со програмерот и криптограф познат под псевдонимот Мокси Марлинспајк, објавија дека имаат додадено end to end енкрипција, на сите видови комуникација кој се одвиваат преку WhatsApp.

Тоа значи дека секоја порака, повик, фотогорафија и видео на секој телефон без разлика на модел со апдејтувана апликација, ќе бидат заштитени во било кој поглед.

Безбедност vs Приватност

Логичното прашање кое се поставува: А што кога ќе дојде до тоа да треба да бираме помеѓу безбедност и приватност? Што кога ќе дојде до терористички напад? Од компанијата, а и од FBI не ја коментираа последицата која ја носи оваа промена.

Меѓутоа, како оваа постапка има можни негативни импликации по безбедноста, секако во неа и допринесува, пред се поради заштитата  на податоците кај што е можно да се злоупотребат во светот на сајбер-криминалот или угнетувањето на слободата од страна на режимите кој спречуваат слободен говор, слободни весници и слободни граѓани.

Сите можат да бидат во право во расправата дали е побитно што енкриптираната комуникација ќе им олесни на терористите или е побитно што никој нема да може да ги прислушкува вашите бизнис планови и што разни Сноудени ќе бидат апсолутно заштитени,  факт е дека ова е голем чекор напред во незаштитениот онлајн свет.

Се надеваме дека ова е само вовед во поголема приватност во комуникацијата и дека овој потег ќе го следат и останатите големи компании.

error: Content is protected !!