Американските корпорации во даночните раеви кријат илјада милијарди долари

General Electric во странство држи 119 милијарди долари, Microsoft 108 милијарди долари, Pfizer 74 милијарди, а компанијата на Google, Alphabet 47 милијарди долари.

Американските корпоративни гиганти Apple и General Electric сокриле речиси 1.400 милијарди долари во десетина странски даночни оази, лишувајќи ја САД и другите земји од и тоа како потребните даночни приходи, извести американскиот огранок на непрофитната организација Oxfam.

Авторите на извештајот изброја огромна добивка која 50 најголеми американски компании ја чуваат во странство, делумно и поради големите даноци кој по сопствените изјави би биле обврзани да ги плаќаат кога би ја репатрирале добивката во САД.

General Electric во странство држи 119 милијарди долари, Microsoft 108 милијарди долари, Pfizer 74 милијарди, а компанијата на Google, Alphabet 47 милијарди долари.

Кога компаниите не плаќаат соодветен износ на данок, владите-на богатите и сиромашните- присилени се да ги кастрат услугите или да го надокнадат минусот од работничките семејства  и малите компании. Двете се неприфатливи истакнува по повод објавата на извештајот Raymond Offenheiser претседател на Oxfam America.

Големите 50 оствариле во периодот од 2008 до 2014 речиси 4.000 милијарди долари добивка, плаќајки данок по просечна стапка од само 26,5 проценти, значително пониско од американските 35 проценти но и значително пониско од просечниот американски работник кој плаќа данок на приход по стапка од 31,5 процент.

Повеќе од 1600 подружници во даночните оази заедно во странство зачувале преку 1.400 милијарди долари, држејќи ги далеку од досегот на даночните власти.

Паралелно во матичните земји користеле државни субвенции, на сметка на даночните обврзници, во споменатиот период вкупно од американските власти добиле 11.200 милијарди долари кредити, кредитни гаранции и останати облици на финансиска помош, наведува авторот на извештајот.

Oxfam America објави дека на помалку од две недели после истекувањето на документи од панамската адвокатска канцеларија, покажува како се отварани илјадници анонимни фиктивни компании, вклучувајки многу богати и моќни поединци од целиот свет, во земјите кои можеле да ги користат за избегнување на плаќање данок.

Мултинационалните корпорации кој користат илјадници милијарди долари државни субвенции истовремено избегнуваат да плаќаат милијарди долари данок нагласува Offenheiser.

“Големите износи кои големите компании ги чуваат во даночните раеви треба да се искористат за борба против сиромаштијата и за обнова на американската инфраструктура, а не да ги кријат во offshore компании во Панама, на Бахами или Кајманските острови”, порачува тој.

error: Content is protected !!