Една работа за која што жалам бидејќи не ја правев во моите 20-ти години

Каков совет би дал на некогаш 22 годишниот ти, денеска? Напишано од Michael Leabman основач и CTO(chief technology officer) на Energous.

Ќе започнам со тоа што ќе кажам дека имам многу совети за некогаш 22 годишниот јас. Но најважните делови се всушност истите совети што би ги дал на секој кој започнува- без разлика дали е млад претприемач или пак моите деца. За мене, овие животни лекции се претворија од невкусно мечтаење, во вистинско создавање на мојата компанија. Се надевам дека тие животни лекции ќе бидат вредни и за другите исто така.

Направи ги твоите родители нервозни

Никогаш не е рано да ги следиш твоите соништа. Со текот на годините, сфатив дека најголемата грешка била резултат на тоа што не сум ги следел моите инстикти или бидејќи не сум преземал ризик.  Но, кога наполнив 30 години, почнав да се туркам надвор од мојата комфорна зона и свесно да зграпчувам повеќе шанси. Порано еден од најголемите одмерени ризици било менувањето на стабилна позиција за 0$ плата. Би сакал да можам да кажам дека сите ми даваа поддршка, и додека моите родители ме подржуваа, останатите кажуваа дека е невозможно. На крајот пристигнав таму каде што сум денес, следејќи ја мојата смелост.

Опкружи се со паметни луѓе

Нема потреба да ги имаш сите одговори за да ги реализираш твоите крајни цели- се што ти треба е визија и страст за да се открие непознатото.  Без разлика дали станува збор за фамилија, пријатели, бизнис партнер, или ментор (личен и професионален), опкружи се со луѓе кои можат да делуваат како фокус група,  или споделуваат корисни работи во предизвикувачките подрачја каде што можеби немаш компетентност. Овие луѓе може да помогнат во насочувањето и обезбедувањето поддршка на различни нивоа, што може да се покаже како извонредно многу вредно.

Знај кога треба да престанеш да слушаш и да го следиш срцето

Иако е корисно, и дури одлучувачки, да се изложиш себеси и твојата идеја на мислењето и препораките на другите паметни луѓе, важно е да ги земаш сите совети со доза на резерва. Имај во предвид дали, на пример, личноста навистина останува во границите на неговата компетентност, или дали можеби се обиделе и не успеале со твојата визија користејќи друг пристап. Предизвиците ќе се случуваат често и ќе ти ги спојуваат патиштата со луѓе кои не веруваат, но со правењето нешто за кое што си страствен, многу полесно ќе ги надминуваш пречките со кои се соочувааш по пат. За мене оваа предност природно ме турна кон решавањето на проблемот, наспрема тоа да му дозволам да ме вознемирува. Благодарен сум на тоа што се будам секој ден и работам на мојот сон.

Учи од твоето искуство

Последно но не и најмалку значајно, и еден од највредните совети кои можам да ги дадам е да сфатиш дека твојот прв напор може да биде неуспешен- и прифати го тоа од почеток. Со промисленото избирање да преземеш повеќе ризик, ти исто така потврдуваш дека неуспехот е можен, но сфаќаш дека без преземање ризик нема да ги собираш плодовите од благодетите. Трикот е во тоа да се обврзеш  на учење од твоите грешки. За мене секој потег во кариерата бил важен чекор за нешто подобро. Од твојата прва работа до твојата работа од соништата и се помеѓу, има вредност што се добива на секое ниво, затоа, прифати ги малите работи и не се плаши да се туркаш себеси надвор од зоната на комфорот. Ти имаш се што ти треба за да успееш.

error: Content is protected !!