70 проценти од европската струја ќе доаѓа од обновливи извори на енергија

Во САД, хидроенергијата, соларната енергија и енергијата од ветер ќе пораснат од 14 проценти во 2015 година на 44 проценти во 2040 година, додека уделот на плинот ќе падне од 33 проценти на 31 процент, пишува во прогнозата на Bloomberg за светската енергетика. 

Обновливите извори на енергија во наредните години ќе продолжат масовно да се развиваат, а во 2040 година ќе произведуваат 70 проценти од европската електрична енергија, благодарение на намалувањето на трошоците за производство на соларната енергија и енергијата од ветер, според извештајот на Bloomberg  “New Energy Outlook 2016”.

“Ниските цени на плинот и јагленот ќе останат ниски, ама тоа нема да ја спречи темелната трансформација на светскиот електросистем во наредните децении кон обновливите извори на енергија, како ветерот и сонцето” се предвидува во споменатиот извештај.

Во 2015 година, обновливите извори на енергија претставувале 32 проценти од производената електрична енергија во Европа.

Во САД, хидроенергијата, соларната енергија и енергијата од ветер ќе пораснат од 14 проценти во 2015 година на 44 проценти во 2040 година, додека уделот на плинот ќе падне од 33 проценти на 31 процент, пишува во прогнозата на Bloomberg за светската енергетика.

Во извештајот исто така се предвидува дека обновливите извори на енергија, на светско ниво ќе го надмине плинот во 2027 година, односно дека ќе треба да почекаме до 2037 година за да обновливите извори на енергија би го надминале јагленот, со исклучок на САД.

Исто така, се истакнува зголемување на побарувачката за електрична енергија поради нови примени, на пример електричните автомобили.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!