7-Eleven започна со достава на храна преку дронови

Крофни, кафе и сендвич со пилешко се дел од производите кои по прв пат во САД се доставени на домашна адреса со помош на цивилно беспилотно летало, после одобрението од агенцијата за воздухопловство, објави во петокот стартапот за дронови Flirtey кој го конструираше леталото.

Доставата што за трговскиот синџир 7-Eleven ја изврши Flirtey се случи во Ренo, Невада. Пратката во која можат да бидат и топли и ладни производи беше наменета за едно семејство.

“Пресреќни сме што 7-Eleven, најголемиот трговски ланец во светот, воведува нови технологии и соработува со Flirtey за да може доставата со беспилотни летала да стане реалност за купувачите низ светот”, изјави Matt Sweeny, генералниот директор на компанијата.

“Ова е само почеток на нашата соработка со 7-Eleven ”

“Ова е прв пат еден дистрибутер да соработува со компанија за достава со помош на беспилотни летала за да можат да достават прехрамбени производи до куќниот праг “. Тој додаде дека планираат во иднина доставата на сите производи од продавницата до корисникот да се одвива за само неколку минути.

На полето на достава со дронови работат и други големи компании, како на пример Amazon.

Flirtey  веќе има направено достава на хуманитарна помош во загрозени подрачја.

Американската сојузна агенција за воздухопловство (FAA) оваа година ги промени прописите за да овозможи користење на беспилотни летала за економски цели.

error: Content is protected !!