Повик за пријавување на компании во сопствеништво или управувани од жени за поддршка во процесот на пристап до финансии

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со ИМЕ програмата обезбедува поддршка на компании во сопствеништво или управувани од жени во процесот на пристап до финансии во рамки на следниве програми и услуги кои се достапни за компаниите во Р. Македонија:

  • Понуда од владини институции и Програми за Поддршка
  • Понуда од банки, штедилници и други кредитни институции
  • Бизнис поддршка и услуги обезбедени од граѓанскиот и приватниот сектор

Деталната листа на достапни програми за поддршка и услуги за компаниите можете да погледнете во каталогот во прилог.

Начинот на спроведување на поддршката за компаниите ќе се одвива на следниот начин:

  1. Заинтересираните компании треба да поднесат е-маил пријава за изразување интерес на е-маил: info@chamber.mk најдоцна до 5 август 2016
  2. Во соработка со ИМЕ програмата ќе биде предложен модел на кофинансирање на процесот за аплицирање за одредена програма помеѓу ИМЕ и Вашата компанија;
  3. По прифаќање на моделот на кофинансирање, процесот на аплицирање ќе биде започнат.

Во Вашиот е-маил пријава за користење на поддршка во процесот на пристап до финансии е потребно да ни ги доставите следниве податоци:

  • Име на Вашата компанија
  • Име и презиме на сопственикот / менаџер на компанијата (Во согласност со Тековната состојба)
  • Вид на финансиски инструмент за кој сте заинтересирани (од Каталогот)
  • Износ за сума за која аплицирате
  • Цел на финасирањето.

Поради можноста за поддршка на ограничен број на компании во рамки на оваа програма Ве молиме за Ваше навремено пријавување. За дополнителни информации можете да не контактирате на е-маил: info@chamber.mk или на тел: 02 30 91 440.

Симнете ги додатоците: http://chamber.mk/index.php/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8_%D1%81%D1%81%D0%BA/item/download/162_59ef51b5e100f94415a01594bc223280

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!