Животни лекции од Wayne Dyer кои никогаш не е доцна да ги научите
1.Соработувањето е поздраво од натпреварувањето
“Ако сте секогаш во брзање, пробувајќи да бидете пред некој друг или постојано се натпреварувате и ги доживувате туѓите резултати како мотивација за својата работа, тоа практично значи дека вас ве контролираат тие други личности.”
Постојано усовршувајте се, толку многу да немате време да се споредувате и натпреварувате со другите. Сите сме заедно во ова и тоа чувство на одвоеност нè прави само послаби, создавајќи ни болка и страдање.
2.Ако ги сакате луѓето, тогаш не пробувајте да ги промените
“Љубовта е способност и подготвеност да им овозможиме на оние што ни значат да бидат тоа што го избрале за себе, а не да инсистираме за ние да бидеме задоволни.” Кога некого сакате, сакајте го заради тоа што е, без наметнување на својата волја и без постојани обиди да го промените.
3.Незнаењето не е блаженство
“Најголем облик на незнаење е кога одбивате нешто за коешто не знаете ништо.” Дозволете си да го проширите својот ум секој ден, откажете се од етикетирање на другите и ќе бидете посреќни. Ако постојано кажувате “НЕ” на необичните идеи, предмети, случувања, луѓе, како очекувате да напредувате во животот? Пробувајте нови работи и ако тоа го прави вашиот живот подобар, држете се до тоа. Ако не, тогаш само пуштете, тоа е толку едноставно.
4.Вие не сте жртва на овој свет
“Како ве третираат луѓето, тоа е нивна карма, а како вие реагирате, тоа е ваша карма.” Кога изговарате реченици од типот: “ти ме излудуваш, оваа ситуација ме вознемирува, не можам да верувам дека вака ме третираш” итн, вие ја играте играта на жртва. Преземете одговорност за сопствените мисли, чувства и делување. На тој начин ќе престанете да давате моќ на силите надвор од себе. Повеќе нема да бидете жртва, туку личност која е свесна за својата внатрешна сила и моќ.
5.Пронајдете се себеси во осаменоста
“Не можете да бидете осамени ако ја сакате личноста со која сте сами.” Ако сте опуштени во својата кожа и ако навистина се сакате себеси, нема да се плашите да поминете одредено време сами. Ќе уживате во времето кое го поминувате сами подеднакво колку и времето поминато со луѓето кои ги сакате.
6.Одбивањето ве прави посилни
“Бидете благодарни на сите луѓе кои ви кажале НЕ. Заради нив сте успеале сами да постигнете сè.”
Ако имате доверба и ги слушате своето срце и интуиција, секогаш ќе знаете каде ќе одите и што ќе правите со својот живот. Без оглед на тоа колку врати се затвараат пред вас, вие нема да се откажете и да го прифатите одбивањето, бидејќи тоа ве прави посилни и подобри, а не поогорчени.
7.Самопочитта не можете да ја добиете од другите.
“Самопочитта не можат да ви ја обезбедат другите. Вие сте вредни, затоа што вие така сте кажале. Ако вашата вредност зависи од другите, тогаш тоа е нивна вредност.”
Што точно привлекувате во животот
Aко постојано барате одобрување и потврдување надвор од себе, никогаш нема да бидете среќни. Сите сме различни и гледаме на работите на различни начини, ама вашата репутација не е нешто што можете да контролирате. Вашата репутација не е во вашите раце, затоа престанете да им угодувате на сите околу вас и почнете да си угодувате СЕБЕСИ. Вие сте личноста која е најбитна и ако не сте задоволни со тоа што сте, шансите другите да бидат среќни со вас исто така не се големи.
8.Вие не го привлекувате тоа што го сакате во вашиот живот, туку тоа што сте.
“Ако сте опседнати со потребата да го поразите другиот и да го победите по секоја цена, тогаш вас вие загарантирано дека ќе привлечете вибрации во својот живот еквивалентни на тоа размислување, дури и ако вежбате јога и стоите на глава изговарајќи мантри секој ден.”
Луѓето често мислат дека ако се фокусираат доволно на нешто што сакаат, со помош на закон за привлечност ќе добијат сè што ќе посакаат во животот, ама работите не функционираат така. Ако го исчистите својот ум и своето срце, ќе привлечете многу прекрасни работи во својот живот и изобилството нема да биде нешто по кое трчате, бидејќи тоа ќе ве брка вас. Од друга страна, ако вашиот ум и срце се полни со негативност, во животот ќе ви се појавуваат и негативности во сите форми.
9.Не постојат граници на тоа што можете да го постигнете – вие сте неограничено битие
“Кога расправате за своите ограничувања, сè што добивате се ваши ограничувања.” Не постојат граници за тоа што можете да го постигнете, тие постојат само доколку одлучите да си ги наметнете на самите себе.
10.Рајот на земјата е избор којшто мора да го направите, а не место што морате да го пронајдете
“Луѓето кои сакаат, живеат во сакан свет. Непријателски расположените луѓе живеат во непријателски свет. Истиот свет.”
Фокусирајте се на лошото и тоа е сè што ќе видите и привлечете во својот живот. Фокусирајте се на доброто и тоа е сè што ќе видите и привлечете во својот живот.
11.Нема потреба да се нервирате за сè
“Добро утро, тука е Бог. Јас ќе се погрижам за твоите проблеми денес. Не ми е потребна твојата помош. А тебе ти посакувам чудесен ден.”
Верувале или не, постои невидлива сила што го креира целиот свет, целиот универзум и таа сила е достапна за сите нас во моментот кога ќе престанеме да се трудите да сработиме се сами, односно во моментот кога ќе одлучиме да дозволиме случувањата да се движат по својата природна патека и едноставно сè да се движи по својот тек.
12.Сè што ви е потребно веќе е во вас
“Вие имате се што ви треба за целосен мир и среќа токму сега.” Во овој момент имате се, сега и овде. Ништо не ви недостига. Одвојте време да бидеме во мир барем 5 минути секој ден и со тек на време ќе откриете дека имате пристап кон среќата, мирот и изобилството и дека сè што е добро се наоѓа во секој момент.
13.Вашиот личен развој нема крај
“Поединците кои самите себеси се етикетираат велат: “Јас сум готов производ во оваа област, никогаш повеќе нема да се менувам.” Ако сте готов производ, спакуван и заштитен, вие сте престанале да растете.”
Личниот развој не завршува со завршувањето училиште. Во оној момент кога ќе престанете да се развивате, можете да кажете и дека сте престанале да живеете”
14.Бидете реални, очекувајте чуда
“Еднаш кога ќе поверувате во себе и кога ќе ја видите својата душа како боженствена и племенита, вие автоматски ќе се претворите во битие кое прави чуда.”
Постои голема сила во универзумот, извор на сè и таа е достапна за вас во оној момент кога вие ќе се ускладите со тоа што вие сте навистина, длабоко во себе, правејќи чуда за вас и за тие што ги сакате.
15.Следете го своето срце и ќе бидете успешни
“Можноста да го работиш тоа што го сакаш создава изобилство во животот.” Ова е толку моќна вистина што само неколкумина од сите нас навистина живеат и истражуваат. Кога ќе ја пронајдете целта во животот, кога ќе се фокусирате на тоа да го дадете најдоброто од себе на овој свет, изобилството слободно ќе влегува во вашиот живот и вие ќе откриете среќа за која никогаш не сте помислиле дека може да биде ваша.