Компаниите се повеќе користат „Data Intelligence“ за подобрување на работењето

Дигиталните податоци се крвотокот на современото работење и носат многу можности за унапредување на сите видови бизниси. Погледнете ги само многуте анализи и истражувања, кои покажуваат како податоците имаат потенцијал за револуција во работењето. Благодарение на тоа, многумина се обидуваат да ги искористат сопствените податоци како би добиле предност пред другите.

Но, брзината со која расте количината на податоци, со себе носи и бројни предизвици. Извлекувањето податоци и нивната практична примена не е едноставна, па многу компании бараат решенија кои ќе им помогнат во пронаоѓањето на тоа што е клучно за нив. Некои од поголемите компании започнаа дури да именуваат и Chief Data Officers (CDO), односно раководители на одделот за обработка на податоци. Во периодот од 2013 до 2020 година, количината на податоци десеткратно ќе се зголеми од 4,4 на 44 трилиони гигабајти. Уште поинтересен е податокот дека во 2013 година, само 22% од достапните податоци биле корисни, односно можеле да се анализираат, а само 5% од таа бројка навистина биле анализирани.

Во последно време таканаречената data intelligence е во голем пораст. Според Techopedia тој израз претставува анализа на податоци која ја користи организацијата за да ги подобри своите деловни резултати и да донесе поголем повраток на инвестицијата. Data intelligence овозможува претпријатијата да ги откријат и да ги искористат потребните податоци, и нови и стари, да ги утврдат пазарните трендови сега и во минатото, и сето тоа да го прават во реално време.Компаниите на глобално ниво сè повеќе ги прифаќаат инструкциите за алатките за да можат да набљудуваат, следат и анализираат податоци за кои проценуваат дека им се потребни за работа. Business performance, data mining, online analytics и алатки од други категории носат податоци што можат да се анализираат за потребата на data intelligence.

Експертите се уверени дека новите алатки за анализа на податоците ќе го изменат начинот на којшто размислуваме за сите аспекти на работењето, од продажба, човечки ресурси, маркетинг до проширување на бизнисот. Во најновата анализа, растот на претпријатијата што би користеле data intelligence ќе биде двапати побрз од нивните конкуренти кои нема да ги користат ваквите алатки. Без оглед колку податоци ќе соберете, тие нема да ви вредат ништо доколку не можете да ги анализирате ефикасно. Квалитетот на анализата ќе ја направи големата разлика, што значи дека е потребно да се одберат соодветни алатки, доколку сакате да ја победите конкуренцијата. Секако, ниту еден напредок нема да биде видлив ‘преку ноќ’, но времето дефинитивно ќе покаже кој паметно вложувал во анализата на податоците.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!