HBO бара најдобро оригинално сценарио во Македонија
ХБО Европа (HBO Europe) продуцира квалитетни серии во Чешка, Романија, Полска и Унгарија уште од 2010 година. Наградуваната кратка серија „Расплемтената грмушка“ (Burning Bush) како и врвните драмски серии како „Безгрижен живот“ (Aranyélet), „Мамон“, „Пакт“, „Дали ќе се бакнеме“ (Shall We Kiss), „Глутница“ (Wataha) и други, ги освоија критичарите и гледачите во земјите од кои потекнуваат, но и предизвикаа интерес на меѓународната сцена.
По успешните серии во споменатите држави, сега сакаме да развиеме и да продуцираме нова драмска серија во регионот Адрија што го сочинуваат Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Како и кај матичната компанија, акцентот на деловната стратегија на ХБО Европа се темели на развој и на продукција на врвни ТВ серии. Наша особена цел е, покрај адаптациите на странските продукции, да развиваме серии првенствено наменети за домашниот пазар, втемелени на оригинални локални идеи. Тоа воедно е и главната цел на конкурсот First Draft, со кој бараме најдобри сценарија од регионот Адрија
Конкурсот е отворен за сите сценарија што се напишани и доставени (аплоудирани) според правилата наведени во продолжението на текстот. Оригиналното сценариото треба да има единствен глас и да го одразува квалитетот на раскажувањето кој се поврзува со брендот ХБО. Познавање на актуелните трендови од светот на премиум ТВ сериите е предност, но уште поголема предност е вештината на авторот со свој глас да заборува за светот што нѐ опкружува, без да биде неопходно да ги следи наметнатите трендови.
Правила на конкурсот:
- Пријавата треба да содржи целосно сценарио на првата епизода на играна неделна серија во траење од 30 или 60 минути. (Една сезона на проектот треба да содржи најмалку 4, а најмногу 13 епизоди).
- Треба да се приложи (аплоудира) само сценариото. Ве молиме да не праќате синопсиси, опис на ликови, слики или кои било други пишувани или визуелни материјали.
- Треба да се приложи само сценариото за првата епизода.
- Се прифаќаат исклучиво материјали пратени во стандарден формат што се користи во индустријата. Пример можете да најдете [ОВДЕ].
- Дејството треба да биде сместено во сегашно време, на подрачјето на регионот Адрија (во една или повеќе држави што го сочинуваат регионот – Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Други ограничувања на жанрот не постојат.
- Може да се пријават само сценарија напишани на еден или на комбинација од повеќе наведни јазици на регионот Адрија (хрватски, српски, словенечки, македонски, босански, црногорски).
- Секој автор може да прати само едно сценарио.
- Се прифаќаат само оригинални дела. Авторите мора да имаат целосни права на работите што ги праќаат.
- Доставените сценарија ќе ги евалуираат вработени на компанијата ХБО Адрија. Имињата на избраните автори и краток опис на нивните работи, со нивна согласност, ќе бидат објавени на почетната интернет страница на конкурсот First Draft како и во соопштението за медиумите.
- Одлуката на вработените на ХБО Адрија е конечна, без можност за натамошна комуникација во пишан или во друг облик.
- Кон конкурсот се пристапува преку регистрација на www.hbo.mk/firstdraft и со праќање (аплоуд) на сценарио во ПДФ формат. Рокот за праќање е до 15 ноември 2016 година до 23:59 часот.
- Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на почетната интернет страница на конкурсот First Draft како и во соопштение за медиумите најдоцна до 1 март 2017 година.
- Сценаријата што не се во склад со правилата на конкурсот ќе бидат дисквалификувани, без евалуација.
*** Ве молиме внимателно да ги прочитате УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПРАВИЛАТА ЗА ПРИВАТНОСТ затоа што со регистрацијата и доставувањето на сценариото ги прифаќате истите! ***
Линк до страната http://www.hbo.hr/swc