Курс за Онлајн Маркетинг – Научи со работа на реален проект

Да започнеме со најважнoтo: За прв пат се организира курс за Маркетинг каде ќе се работи на реален проект и каде учесниците ќе имаат шанса сами да креираат маркетинг кампањи за реални примери.

На овој 4 дневен курс, низ примери и вежби ќе образложиме повеќе маркетинг стратегии мeѓу кои ќе биде и стратегијата која ја креиравме за Brainster при самото започнување која ни донесе продажба од повеќе од 20 000 евра за само 7 месеци, без притоа да платиме ниту 1 евро за маркатинг.

Ќе ја разгледаме ПР стратегијата на Brainster која ни донесе 110 објави во медиуми меѓу кои и објави во Forbes и Huffington Post.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

Еволуцијата на дигиталниот свет во претходните 5 години комплетно го има сменето начинот како луѓето комуницираат, учат и конзумираат продукти или услуги. Повеќе од секогаш, брендовите имаат можност да стигнат до повеќе клиенти и да ги слушат нивните барања со цел да ја прилагодат нивната порака, бренд и стратегија.

Со овој курс за ќе направиме сеопфатен преглед на онлајн маркетингот, новите трендови, корисни алатки, но ќе се фокусираме на повеќе квантитативни аспекти, изнаоѓање на нови маркетинг канали и ефективни современи маркетинг кампањи.

Учесниците на овој курс ќе научат како да користат аналитика за сегментирање и таргетирање на користниците со цел создавање на вистински ефективна маркетинг кампања.

ДЕН 1

 – Основи на Дигиталниот Маркетинг.

Како овој начин на маркетирање ми помогна да го развијам својот бизнис и да остварам продажба од $20 000 со само $30 инвестирани во рекламирање.

Различни типови на бизнис модели и макретинг импликации на секој бизнис модел

Разлика помеѓу традиционален и онлајн маркетинг и зошто мора да бидете онлајн.

Онлајн Маркетинг Терминологија

Баер Персона

Маркетинг трендови, и на што треба да се фокусираме 2016-2017

 – Контент Маркетинг

Развивање на контент стратегија

Користење на „Trello“ за создавање на Контент Маркетинг Календар

Блогирање и како да создадеш блог кој ќе опстои. Практични вежби + примери како нашата компанија оствари повеќе од 110 објави на други медиуми само во Македонија.

Како да пристапиш на новинари и како успеавме за нашата компанија да пишуваат на „Forbes“, „HuffingtonPost“, „it.mk“, „fakulteti.mk“ и многу други.

Правила за создавање на Блог Пост и практича вежба

Како да создадеш „Infographic“ – практични вежба + примери.

Како да создадеш видео за твојата компанија – практична вежба + примери

Алатки и трикови кои можете да ги користите

(Помеѓу првиот и вториод ден од курсот учесниците ќе бидат во можност да работат на реален проект и ќе се мерат резултатите)

ДЕН 2

 – Social Media Маркетинг

Која е улогата на социјалните медиуми во маркетингот

Која е разликата помеѓу различните Social Media канали и идентификација која е најдобра за вашиот бизнис

Изработка на Social Media Маркетинг стратегија и календар

Корисни алатки за социјалните медиуми

Како да креирате оптимален профил на Социјалните Медиуми за вашиот бизнис

Како да ја зголемите интеракцијата на Social Media – практични примери + вежби

 – Growth Hacking

Што претставува Growth Hacking и зошто Growth хакерите ќе им ја земат работата на традиционалните маркетери

Научете како да ги добиете вашите први корисници уште пред лансирање на новата понуда или производ

Како нашата компанија успеа да генерира повеќе од 5000 емаил адреси со една growth hacking кампања

Side-project маркетинг

(Помеѓу вториот и третиот ден од курсот учесниците ќе бидат во можност да работат на реален проект и ќе се мерат резултатите)

ДЕН 3

 – Email Marketing

Одредување на параметри за следење и анализа на ефикасноста на кампањата

Како да креирате „Newsletters“

Објаснување на различните типови на емаил кампањи (таргетиран, сегментиран, промотивен)

А/B тестирање на кампањите + алатки и примери

 – SEO

Што претставува SEO

Што да направите за да се издвoите од другите.

5 начини како да ги користите профилите на социјалните медиуми за SEO

(Помеѓу третиот и четвртиот ден од курсот учесниците ќе бидат во можност да работат на реален проект и ќе се мерат резултатите)

ДЕН 4

 – Создавање на Buyer Persona

Зошто ви е потребна Buyer Persona

Како да креирате Buyer Persona + Вежба+ Форма

 – Facebook рекламирање

Како да креирате различни типови на огласи

Сегментирање и таргетирање на вистинската публика

Како да го измерите ефектот од рекламата

Избор на соодветен текст и фотографија на рекламата и A/B тестирање

Една недела по завршувањето на последната вежба ќе бидат собрани резултатите и објавени победниците.

За кого е наменет овој курс:

За сите они кои сакаат да научат маркетинг вештини за нивните моментални работни позиции, да направат промена во кариерата, или пaк да започнат со сопствен бизнис.

Сите кои ќе го завршат курсот ќе се стекнат со сертификат

Најдобрите ќе добијат можност за пракса во Brainster.

Започнува на: 05.09.2016

Линк за пријавување: https://brainster.co/login

error: Content is protected !!