School Of The Future организира бесплатни промотивните часови

Школото на Иднината (School Of The Futureе образовна институција која ги таргетира талентираните ученици од Македонија и им дава услови да го развиваат својот потенцијал со цел да станат идни научни и општествени лидери на Македонија.

Претставете се пред читателите на Macedonia Business Hub кој е Климент Серафимов?

По занимање сум програмер и се занимавам со програмирање од осмо одделение. Во прва година средно учев во Јахја Кемал во Скопје каде што се спремав за натпреварите по информатика, што ме однесе на Интернационалните Олимпијади по Информатика. 

На Балканската Олимпијада по Информатика  во Сараево во 2013 година(Balkan Olympiad in Informatics, BOI) освоив сребрен медал. A на Светската Олимпијада (International Olympiad in Informatics, IOI) во Тајван во 2014 година освоив бронзен медал.

Бев стипендист на Светскиот Обединет Колеџ на Адриатикот со 200 ученици од 100 различни земји од светот. Моментално студирам Информатика на Massachusetts Institute of Technology каде што сум стипендист.

Покрај тоа што сум информатичар, исто така сум претприемач и многу ме интересира иновацијата во сферата на образованието. Имам организирано неколку образовни настани, меѓу првите и најуспешната е Networking 101: International Youth Networking Academy која беше интернационална летна академија за талентирани ученици.

Визијата на Климент Серафимов

Мојата визија за Македонија и понатака за светот е да се креира образовен систем кој ќе им дозволи на сите ученици да следат индивидуализирана програма креирана по нивните потреби. Во овој образовен систем годините веќе нема да бидат пречка во напредокот на учениците и сите ќе имаат еднакви можности.

Верувам дека вакво образование ќе успее да ги искористи и надогради потенцијалите на сите ученици со цел тие понатака на многу природен начин да излезат во пресрет на потребите на македонскиот пазар.

Сакате да креирате платформа за поврзување на талентираните ученици од Македонија. Кажете ни нешто повеќе за тоа?

Школото на Иднината (School Of The Futureе образовна институција која ги таргетира талентираните ученици од Македонија и им дава услови да го развиваат својот потенцијал со цел да станат идни научни и општествени лидери на Македонија.

Школото на Иднината беше основано после видениот потенцијал од Networking 101: International Youth Networking Academy. Некои од нашите ученици имаат освојувано награди на меѓународни натпреварувања по математика и информатика и имаат работено на напредни проекти во сферите на претприемништвото, информатиката, механиката и социјалното претприемништво.

Нашите ментори во Школото на Иднината се моментално студенти на некои од најпрестижните светски универзитети како МИТ, Харвард, Оксфорд, Кембриџ и Принстон.

Целиме да изградиме платформа на која ученици, ментори, други образовни институции, родители, и компании ќе можат да си ги разменуваат своите услуги и да влијаат во креирање на еден образовен систем кој ќе им овозможи на сите ученици природна транзиција од образовниот систем до пазарот.

Во сабота организирате настан. Кажете ни нешто повеќе за тоа

Првите часови на Школото на Иднината ќе се одржат за првпат во Сабота и Недела на 17-ти и 18-ти Септември во просториите на YES инкубаторот во Автокоманда. За учество на промотивните часови, пополнете го формуларот, најдоцна до четврток(15 септември) на полноќ https://goo.gl/forms/xzlRL0oM35l3pNRG2

На денот на оддржување, исто така родителите на заинтересираните ученици ќе можат да се запознаат со тимот и менторите на Школото на Иднината и да дознаат нешто повеќе за визијата и понудата.

Првите часови се бесплатни за сите и ќе бидат:

-Припреми за натпревари по Математика за сите години и сите нивоа (регионален, државен, олимпијада)

-Припреми за натпревари по Информатика за сите години и сите нивоа (регионален, државен, олимпијада)

-Припреми за натпревари по Физика за сите години и сите нивоа (регионален, државен, олимпијада)

-Развој на Видео Игри

-Комуникациски Вештини и Личен Развој

 

 

 

error: Content is protected !!