Акумен Лабораторија [Acumen Lab | Old ToWn] За Социјално Претприемништво

Центарот за социјални иновации Скопје овој месец ќе биде домаќин на уште еден настан, кој ќе обезбеди одлична прилика за надополнување на знаењето кое беше пренесено на априлската Зимска школа за Design Thinking.

Во изминатиот период нашите членови Кристина Домазетоска и Софија Богева преку својата активна работа низ процесот на едукација и надградба на своето знаење успеаја да остварат соработка со Американската организација – која има проекти и активности низ целиот свет – Акумен (Acumen.org и +Acumen).

Акумен е организација која инвестира во претприемачи кои имаат способности да донесат во живот одржливи решенија на општествените проблеми, а воедно претставува и растечка мрежа на нови лидери од светот. +Акумен + е првото светско школо за општествени промени.

ЗОШТО ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НАСТАНОТ?

Акумен Лабораторијата ќе овозможи детално да се запознаеме со концептот на социјално претприемништво преку:
• разгледување на практични примери од светски социјални претпријатија кои работат на глобално ниво
• запознавање со сопствените пасии, вештини и проблеми кои се основа за развој на социјално претприемништво

Воедно, лабораторијата ќе овозможи да се запознаеме подетално со работата на Акумен и Центарот за Социјални иновации и да запознаеме луѓе кои ги делат истите пасии со нас, и кои не инспирираат да направиме подобро од себе и за себе.

ЗА КОЈ Е НАМЕНЕТ НАСТАНОТ?

Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани кои:
• имаат желба да направат промени во општеството,
• да се вклучат во идните активности на Центарот за социјални иновации,
• или единствено да ја поттикнат својата креативност и/или да допринесат за вклучување на нови потенцијални лидери кои имаат желба и можност да го променат општеството на подобро.

Регистрација: http://labs.plusacumen.org/events/acumen-labs-old-town/

Локација: Social Innovation Hub Skopje ,Rugjer Boshkovikj 16, 1000 Skopje

Датум: 24 септември (сабота) од 12 до 14 часот

error: Content is protected !!