Акциите на Deutsche Bank на историски минимум

Акциите на Deutsche Bank, денеска паднаа на најниско ниво било кога, поради загриженоста од се повеќето судски постапки, како и можната казна поради продавање на ризични хипотекарни кредити пред финансиската криза од 2008 година, тоа би можело да ја принуди банката да се докапитализира јавува “Bloomberg”.

Акциите на банката утрово на франкфуртската берза паднаа за 6,3%, на 10,70 евра пишува “Bloomberg”.

Американското министерство за правда на почетокот на месецов објави дека со Deutsche Bank започнале преговори кои имаат за цел да го решат долгогодишниот спор за продажбата на ризични хипотекарни кредити, барајќи оштета во износ од 14 милијарди долари.

Тој износ е повеќе од двојно поголем, од 5,5 милијарди евра колку што Deutsche Bank во Јули ги издвои за покривање на потенцијални судски трошоци, наведува “Bloomberg”.

error: Content is protected !!