Промотивен состанок за нови членови

Активирај се! Помогни на себе и на колегите околу тебе…

Задоволство ни е да го најавиме состанокот за нови членови кој ќе се одржи во вторник (04.10.2016) со почеток во 20:00 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ (спроти зградата на ТМФ).

На овој состанок ќе се запознаете со активностите и проектите на СП ФИНКИ, како и кои се придобивките да се биде член на СП ФИНКИ, раскажано преку искуствата на нашите постари членови. Исто така, ќе бидете запознаени со активностите на тимовите во рамките на СП ФИНКИ и ќе имате шанса да се приклучите на некој од нив.

Не ја пропуштајте можноста да стекнете нови пријателства, контакти и искуство кое што ќе ви помогне во изградба на своите кариери.

Ве очекуваме!

error: Content is protected !!