Стартапи vs Медиуми: Панел дискусија на Теchnoinvent 2016

Startup Macedonia, во рамките на Техноинвент 2016, организира отворена панел дискусија за како да се зголеми медиумската застапеност на стартапите и креативното претприемништво. Дискусијата е закажана во петок, 21.10, со почеток во 16:00 часот на Скопски саем.

Прашањата на кои ќе се обидеме да одговориме се како медиумите и стартапите да имаат подобра соработка? Дали платен ПР во медиумите е поисплатлив од онлајн рекламирање? Како стартапите да им се приближат на новинарите, и како новинарите да ја разберат технологијата, наместо да и се плашат?

Поканети се сите новинари, основачи на стартапи, претприемачи, уредници и сите заинтересирани да се приклучат на дискусијата која ќе ја води панелот составен од:

• Виктор Дано, модератор и поранешен уредник на IT.mk;
• Игор Петровски, уредник во Kapital Media Group;
• Верица Јорданова, уредник на Inovativnost.mk;
• Марија Георгиевска, уредник на економската емисија Профит (Наша ТВ);
• Наташа Петкова, основач на Fox Media House;
• Александар Пандуловски, CEO на Macedonian Business Hub;

Техноинвент 2016 се одржува во рамките на Технома, и е организиран од Фонд за иновации и технолошки развој и Скопски Саем, и е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и UNDP.

Настанот ќе трае од 18-ти до 22-ри октомври, со агенда која може да ја погледнете тука http://technoinvent.mk/Agenda_Workshops.pdf

Цели на Technoinvent 2016 се:

• Поврзувањето на сите чинители во процесот на иновациите од – идеја до примена;
• Поврзување на етаблираните компании со идеите на новите стартап компании;
• Поврзување со новите различни модели на претприемништво и бизнис концепции како хабови, инкубатори, акцелератори…;
• Поврзување и запознавање со национални и меѓународни програми/проекти кои се реализираат во РМ и ги поддржуваат иновациите и споделување на искуства.

Technoinvent 2016 го поддржaa 12 организации од Македонија кои делуваат во сферата на стартапи, иновации, претприемништво: Сеавус Инкубатор, Регионален центар за социјални иновации, Хаб Скопје, Фондација Претприемачки сервис за млади, South Central Ventures фондот, Технолоџи Парк Тетово, Здружение на алумнисти на програмата СВТ, Македонија 2025, Startup Macedonia, Funky Coworking Friday, Founder Institute Macedonia, Стартап Зона.

Петок (21 окт) од 16 часот на Скопски Саем

error: Content is protected !!