Lear Corporation денеска, отвори нова фабрика

Lear Corporation денеска, отвори нова фабрика за автомобилска кожа и платно во Тетово, Македонија, за производство на навлаки за автомобилски седишта и сродни производи.

Во моментов Lear работи во новоизградената фабрика во зоната во Тетово на површина од 12.000 м2 со можност за експанзија. Во моментов се вработени околу 500 лица, а во наредните два месеци се очекува бројката да прерасне до 800 вработени, планираната инвестиција на корпорацијата во Македонија е над 15 милиони евра, а планираните вработувања од 1.500 до 2.000 лица.

На свеченото отворање на Lear говорници беа македонскиот министер за странски инвестиции Веле Самак и министерот за економија Дритон Кучи.Фабриката има врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно.

Lear во моментов е рангиран на 154-тото место од листата на Fortune 500.

 

error: Content is protected !!