Финансирање проекти за енергетска ефикасност
Ве повикуваме за учество на работен состанок (работилница) менаџмент сесија на 6 Декември 2016 год. во организација на групацијата „Центар за финансирање и менторска поддршка„ и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК„ каде членките на Комората на Мал Бизнис ќе презентираат конкретни проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија пред представници на Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР), Европска Банка за Обнова и Развој (EBRD) и заинтересирани комерцијални банки.
Со програмите на EBRD може да се поддржи консалтинг во изработка на проекти со донација од 50-70% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
Со програмите на МБПР директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.
На работилницата можете да учествувате активно со презентација на проект или пасивно како публика.
Котизацијата за пасивно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис – Basic членство која изнесува 1.535,00 ден.
Котизација за активно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден.
Вашиот интерес за учество потврдете го со пополнување на пријавата дадена на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ со повратен e-mail на info@sbch.org.mk или on-line пријавување на линкот „Пријави се„.
Доколку се одлучите за активно учество испратете кратка информација за проектот кој би го презентирале на настанот.
Забелешка: Организаторот ќе овозможи презентација само на предлог проекти за кои е подготвена проектна техничка документација.
Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.
контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686
„Центар за финансирање и менторска поддршка„
Здружение за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“
Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk