Daimler ќе инвестира 11 милијарди долари во електрични автомобили

На саемот за автомобили во Париз минатиот месец Mercedes ги најави своите намери за производство на електрични автомобили со претставување на концептот Generation EQ потполно електричен кросовер со домет од 500 километри.

Thomas Weber член на управниот одбор на Daimler најави 11 милијарди долари во развојот на електричните автомобили. Планот е во понудата до 2025 година да се најдат десет електрични автомобили базирани на иста платформа, а Mercedes проценува дека електричните автомобили ќе учествуваат со 15 до 25% од вкупната продажба.

Weber за германскиот дневен весник Stuttgarter Zeitung кажа дека Smart ќе продава три видови електрични автомобили. Благодарение на напредокот во развојот на батериите, идните автомобили Smart со едно полнење ќе можат да поминат дури 700 километри.

Производството на споменатиот концепт Generation EQ ќе се произведува во Бремен во Германија, а кросоверот на пазарот ќе се појави до 2020 година. Нешто подоцна би можела да пристигне и луксузната верзија на Maybach.

Weber даде ветување дека сите модели на EQ брендот ќе бидат поинакви од конвенционалните автомобили на Daimler, кога станува збор за дизајнот но ќе бидат “позајмени” некои од компонентите поради намалување на трошоците.

Зборувајќи за хибридниот модел S500, Weber изјави дека ќе искочи на пролет и дека со користење само на електричниот погон може да помине 50 километри.

error: Content is protected !!